ФИЛМОТ „ПОСЛЕДНИОТ БОЖИК“ СОДРЖИ НЕОБЈАВЕНА ПЕСНА ОД ЏОРЏ МАЈКЛ

Лондон, (Би-Би-Си)

Необјавена песна од шест минути од Џорџ Мајкл, кој почина во 2016 ќе биде дел од новиот филм кој е базиран на неговата музика.

Во „Последниот Божик“, кој треба да излезе во ноември, играат Емилија Кларк, позната од ТВ-серијата „Игра на тронови“, Хенри Голдинг и Ема Томпсон.
Режисерот Пол Фиг вели дека Мајкл го подготвувал новиот албум пред да почине.

„Една од тие песни ќе биде во филмот, тоа е навистина прекрасна песна и возбуден сум дека светот ќе може да ја слушне“, вели режисерот. Приказната во филмот е за млада надежна пејачка (Кларк), чиј идол е Џорџ Мајкл.

Легендарниот пејач почина на 25 декември, на Божик, во неговиот дом Окфодршир.