Пијанист од Бугарија Димчо Величков вечерва ќе има концерт на Охридско лето во 21 часот во „Св. Софија“.
Триесет и двегодишниот Величков е роден во Стара Загора, Бугарија во семејство на музичари. Започнува да свири пијано на шестгодишна возраст, а само една година подоцна започнува да учи во класата на неговиот татко во музичкото училиште во родниот град. На девет години ја добива наградата „Млади надежи “ на 4.Интернационален натпревар „Музиката и земјата“ во Софија.
Во 2005 ги почнува студиите на Универзитетот за музика и уметности во Виена во класата на Франц Цетл, а дипломира во 2011 во класата на Маркус Праусе. Концертно настапува во Бугарија, Полска, Кореја, Русија и Словачка.
Од 2017 е ангажиран како професор по пијано на Конзерваториумот „Франц Шуберт“ и на приватната музичка школа „Шмид и Цетлман“во Виена.