ОБЈАВЕНА ПРВА ФОТОГРАФИЈА ОД ЏОНИ ФЛИН КАКО ДЕЈВИД БОУВИ ВО ФИЛМОТ „СТАРДАСТ“

Лос Анџелес, (НМЕ)

Студиото „Салон пикчрс“ ја објави првата фотографија од Џони Флин во улогата на Дејвид Боуви во претстојниот филм „Стардаст“.

Филмот што не е опишан како биографски ќе се фокусира на патувањето на Боуви во Америка во 1971 година, што му послужило како инспирација за создавањето на неговото алтер его Зиги Стардаст.

Во режија на Габриел Рејнџ, „Стардаст“ треба да излезе наредната година, но семејството на Боуви целосно се огради од филмот и не дозволи да се користи неговата музика. Место тоа, во филмот ќе бидат искористени песни од тој период што Боуви ги има обработено.

„Запознајте го Дејвид пред да стане Боуви. Во 1971, тогаш 24-годишниот Дејвид Боуви оди на своето прво патување во Америка со проблематичниот публицист Рон Оберман, но таму се соочува со свет кој сѐ уште не е подготвен за него“, стои во најавата на филмот.