ЛЕГЕНДАРНИОТ ТВ-ВОДИТЕЛ ЛЕРИ КИНГ СЕ РАЗВЕДУВА ПО ОСМИ ПАТ

Лос Анџелес, (АП)

Легендарниот ТВ-водител Лери Кинг поднесе барање за развод од својата седма сопруга Шон Кинг, со која беше во брак 22 години.

Осумдесет и петгодишниот Кинг и поранешната актерка, кои се родители на двајца возрасни синови, се венчаа во 1997 година во болничка соба, три дена пред тој да оди на операција. Тие сакаа да се разведат уште во 2010 година, но потоа се помирија.

Кинг беше во брак осум пати со седум различни жени, со кои има вкупно пет деца. Тој се бореше со сериозни здрвствени проблеми во изминатите години, вклучувајќи и рак.