„БРНИНГ МЕН“ Е ТОЛКУ ГОЛЕМ ФЕСТИВАЛ ШТО МОЖЕ ДА СЕ ВИДИ ОД ВСЕЛЕНАТА (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Лас Вегас, (Форбс)

Блек Рок Сити, привремениот град во пустината во Невада, беше домаќин на речиси 80.000 луѓе од 25 август до 2 септември, кога се одржа 30. издание на фестивалот „Брнинг мен“, кој традиционално заврши со палењето на дрвена скулптура позната како „Човекот“.

Просторот на Блек Рок Сити е толку голем што може да се види и од вселената, а на сателитските снимки се забележливи и некои од уметничките инсталации, кои се прават специјално за фестивалот познат по својот утописки имиџ.

Блек Рок Сити виден од вселената

Еден од принципите на фестивалот е „не оставај траги“, што значи дека посетителите мора да земат сѐ што донеле со себе, оставајќи ја пустината повторно празна.

Темата на годинашниот фестивал беше „Метаморфоза“ и се славеа промената и истражувањето на неизвесното. За таа цел, уметници од цел свет создадоа колекција од неверојатни скулптури и инсталации, проследено со карактеристичната фестивалска мода.