Фејсбук го лансираше својот сервис за спојување двојки, според примерот на популарната апликација Тиндер.
Засега достапен само во 20-ина држави, вклучувајќи ги САД, Канада и Мексико, Фејсбук дејтинг беше најавен уште лани и тој ќе им овозможи на корисниците да ги поврзуваат своите објави на Фејсбук и Инстаграм со посебен профил за спојување.
„Фејсбук дејтинг ви овозможува да се спојувате со пријатели на пријатели или со луѓе кои не се во вашиот круг пријатели“, напиша во својот блог Нејтан Шарп, кој го води овој проект.
Неговата клучна карактеристика е „тајна симпатија“ (Secret Crush), која им овозможува на корисниците да се поврзат ако пројавиле интерес еден во друг.
„Фејсбук дејтинг нема да ве спојува со пријатели, освен доколку не ја активирате опцијата ‘тајна симпатија‘ и двајцата се додадете на листа. Наоѓање партнер е крајно приватна работа и затоа го направивме Дејтинг да биде безбеден“, вели Шарп.
Фејсбук дејтинг ќе биде бесплатен, за разлика од некои други слични сајтови и апликации.