Новиот филм за Џуди Гарланд со Рене Зелвегер во главната улога доби одлични реакции на Филмскиот фестивал во Торонто.
Дејството на филмот „Џуди“ се случува во 1968 година во Лондон, во периодот кога Гарланд се бори со зависности и има финансиски проблеми. Ѕвездата на „Волшебникот од Оз“ почина од предозирање на 47 години, шест месеци по завршувањето на настапите во Лондон.
„За 15 години Торонто филм фестивал никогаш не сум видела вакви стоечки овации како за Рене Зелвегер во ’Џуди’“, пишува критичарката на „Вараети“.
По долгиот аплауз, Зелвегер се пошегува: „Ок, престанете, ќе ми ја упропастите шминката“.
Одличниот прием од публиката следи по позитивните реакции од филмската критика, која ѝ предвидува и номинација за Оскар. Критичарите ја фалат неверојатната трансформација на Зелвегер, која има добиено Оскар за споредна улога за „Студена планина“ во 2004.