„Дајмлер“ објави дека „Смарт“ станува првиот автобренд на светот кој во својата понуда ќе има само електрични модели. Таа се состои од само два модела, „форту“ и „форфор“, но тие сега целосно ќе ги отфрлат бензинските и дизелските мотори.

На претстојниот Автосаем во Франкфурт малиот градски автомобил ќе се претстави со подобрен дизајн и со зголемен домет. Двата модела добиваат електричен мотор од 80 коњски сили, при што со едно полнење ќе можат да поминат околу 160 километри, што е значителен напредок во споредба со 91 километар на „форту електрик драјв“. Ова се сосема солидни бројки за урбани услови на возење, на што се додава и тоа дека за полнење до 80% ќе бидат потребни само 40 минути.

Максималната брзина изнесува околу 130 километри на час.

„Дајмлер“ не објави кога новиот „смарт“ ќе се појави на пазарот, ниту колкава ќе му биде цената.