НИК КЕЈВ ГИ ИЗНЕНАДИ ФАНОВИТЕ ДЕКА НОВ АЛБУМ МУ ИЗЛЕГУВА СЛЕДНАТА НЕДЕЛА

Сиднеј, (Индипендент)

Ник Кејв ги изненади фановите објавувајќи дека неговиот нов албум излегува наредната недела.

Ghosteen“ ќе биде 17. студиско издание на Кејв и „Бед сидс“ и откако долго време немаше никакви нови информации за него, тој во разговор со фановите соопшти дека албумот доаѓа побрзо од очекуваното.

Очекувајте го албумот наредната недела. Неговото име е ‘Ghosteen‘. Тоа е двоен албум и првиот дел ќе има осум песни“, му одговори Кејв на еден фан.

Тој откри и дека вториот дел се состои од „две долги песни, поврзани со раскажувачки дел“.

Песните на првиот албум се децата, а песните на вториот се нивни родители. ‘Ghosteen‘ е дух кој мигрира“, појасни Кејв.

Ghosteen доаѓа три години по неговиот последен албум „Skeleton Tree“.