Еден од најпопуларните холандски музичари Диџеј Тјесто се ожени со својата девојка Аника Бакес среде пустината во Јута, САД.
Педесетгодишниот Тјесто, кој е шести најплатен диџеј на светот со проценето богатство од 120 милиони фунти, носеше одело на Том Форд и кажа дека го базирал својот изглед врз омилениот филмски лик Џејмс Бонд, додека фустаните на неговата 27 години помлада сопруга беа на Оскар де ла Рента и Берта.
Тјесто за својата венчавка го избра „Аманџири“, опишан како футуристички ресорт со пет ѕвезди. Според „Вог“, церемонијата со 80 гости се одржала под отворено небо, среде карпестите гребени и песочните дини што го опкружуваат ресортот.
Тјесто и Аника се запознале во Њујорк во 2015 година и лани се свршиле на Малдиви.