ЈАПОНСКАТА НАЦИОНАЛНА АВИОКОМПАНИЈА ОТСЕГА ЌЕ ГИ ПРЕДУПРЕДУВА ПАТНИЦИТЕ КАДЕ СЕДАТ МАЛИ ДЕЦА

Токио, (ДПА)

Јапонскиот национален авиопревозник „Џепен ерлајнс“ лансираше нова можност при онлајн резервација на билети која покажува каде ќе седат мали деца.

Компанијата објави дека отсега ќе се прикажуваат икони со деца на мапата на седишта, на кои патниците веќе резервирале место за деца на возраст од осум дена до две години.

„Тоа ќе им овозможи на нашите патници да знаат дали блиску до нив ќе има дете“, вели авиокомпанијата.

Новата можност е олеснителна за оние патници кои сакаат да избегнат да седат до мали деца, кои знаат да бидат доста немирни и бучни.

„Секоја авиокомапнија треба да го имплементира ова на меѓународни линии“, е еден од коментарите на социјалните мрежи.

Германската национална железница „Дојче бан“ од порано во своите возови има воведено посебни простори за цели семејства и одделни тивки зони.