БИВШИОТ ПЕЈАЧ НА „АР-И-ЕМ“ Ѝ СЕ ВРАЌА НА МУЗИКАТА ПО ОСУМ ГОДИНИ СО ПРВ СОЛО АЛБУМ

Њујорк, (НМЕ)

Мајкл Стајп го најави својот прв соло сингл, враќајќи ѝ се на музиката осум години по распадот на „Ар-И-Ем“.

Поранешниот фронтмен на легендарниот американски рок бенд кажа дека ова лето почнал да работи на нов материјал и резултатот на тоа ќе може да се слушне овој викенд,

„Пет години имав целосна пауза од музиката. Сега пишувам, компонирам и продуцирам само за себе за првпат во животот. Осумнаесет песни се веќе подготвени“, изјави 59-годишниот Стајп.

Тој беше еден од коосновачите на „Ар-И-Ем“ во 1980, со кој во наредните 31 година сними 15 албуми. Групата во септември 2011 објави дека престанува со работа.

Паузата од музиката беше навистина долга и сакав да се вратам. Ова е мој прв соло материјал и сакам да го додадам мојот глас на оваа возбудлива промена на свеста во светот“, рече Стајп.