Нова генерација лаптопи со процесор на „Интел“ ќе биде потенка, полесна и далеку поефикасна.

На претстојниот саем на електроника ИФА во Берлин, компании како „Ејсер“, „Асус“ и „Леново“ планираат да ги претстават своите нови лаптопи кои ја користат 10. генерација на процесори на „Интел“. Некои од овие уреди ќе ги исполнуваат барањата на новиот проект на „Интел“, Athena“, чија цел е компјутерите да се направат уште помобилни, налик на смартфони.

Луѓето поминуваат огромно количество време на нивните телефони, а помалку на лаптопи. Одговорот на ‘Мајкрософт‘ и на други производители на компјутери беше да ги претворат компјутерите во смартфони. Тие веќе неколку години соработуваат со ‘Квалком‘, а сега и ‘Интел‘, најголемиот светски производител на чипови‘, влегува во игра. ‘Интел‘ сака да ги сакаме нашите лаптопи како што ги сакаме смартфоните“, вели аналитичарот Стивен Шенкленд.

Ова треба да го овозможи проектот Athena“, преку инстантно стартување, посветли екрани за надворешна употреба и батерија која може да трае цел ден. Се очекува во почеток тие да бидат доста скапи. Добар пример за тоа е новиот таблет „samsung galaxy book S“, кој е неверојатно тенок и има батерија која трае 23 часови.

Тој изгледа како лаптоп, но има суштина на смартфон, најдоброто од двата света. Имате слобода да работите каде и кога било“, вели Хасан Анџум, директорот на маркетингот на „Самсунг“.