„ШКОДА ОКТАВИЈА“ ДОБИВА СЕРИОЗНО АТРАКТИВЕН ИЗГЛЕД

Волфзбург, (Мотор1)

По „голф 8“, четвртата генерација на „шкода октавија“ е најисчекувниот модел на концернот „Фолксваген“ до крајот на годината.

Познато е дека таа и официјално ќе биде претставена на 11 ноември и „Фолксваген“ сега ни навести што може да се очекува, а тоа е автомобил со сериозно атрактивен изглед, со масивни тркала, остри линии и врати без рачки.

Дигиталните скици најчесто го прикажуваат автомобилот во издание што се разликува од неговиот конечен изглед, па ваква „октавија“ со силуета на купе остава впечаток на намалена верзија на „фолксваген артеон“.

Во секој случај, „октавија“ еволуира во стилот и сѐ повеќе се доближува до поголемиот „суперб“, при што исто така ги отфрла контроверзните двојни предни светла. „Октавија“ ќе биде поставена на унапредената платформа MQB, исто како и „голф 8“, „сеат леон“ и „ауди 3“, со кои ќе дели и поголем дел од моторите.