„ТОЈОТА“ ДИЗАЈНИРАШЕ ЕЛЕКТРИЧЕН АВТОМОБИЛ ЗА СТАРИ ЛИЦА

Токио, (Би-Би-Си)

„Тојота“ дизајнираше мал електричен автомобил за кој вели дека првенствено е наменет за стари лица.

БЕВ (Battery Electric Vehicle) е ситен двосед со максимална брзина од 60 километри на час, кој може да помине 100 километри со едно полнење.

Горди сме што на нашите купувачи можеме да им понудиме возило кое не само што овозможува поголема автономија, туку и не зафаќа многу место, не е бучно и има минимално влијание врз животната средина“, соопшти „Тојота“.

Возилото е специјално дизајнирано за оние кои редовно поминуваат кратки дистанци во урбани услови, како стари лица или нови возачи.

Тојота“ планира да го лансира БЕВ на крајот на следната година, а потоа ќе следат уште три верзии, од кои една за инвалидска количка.