ФИЛИПИНИ ДОЗНА ДЕКА ИМА 500 ОСТРОВИ ПОВЕЌЕ ОД ДОСЕГАШНАТА БРОЈКА

Манила, (ДПА)

Филипини со децении веруваше дека располага со 7.107 острови, но нова технологија драстично ја измени оваа бројка.

Ново истражување покажа дека Филипини има повеќе од 500 досега непознати острови и Националната геодетска агенција објави дека нивната вкупна бројка сега изнесува 7.641.

„Благодарение на напредокот во технологијата на мапирање, можеме да потврдиме дека има над 500 нови острови во земјата“, објави Агенцијата.

Оттаму додадоа дека повеќето од нив нема да можат да се населат. Моментално, само една четвртина од островите на Филипини се населени. Нивната бројка за последен пат била ажурирана во 1945 година.