ВЕНКО СЕРАФИМОВ И ЉУБИША ЈОВАНОВСКИ УТРЕ СО БЛУЗ СВИРКА ВО ГТЦ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Венко Серафимов (гитара) и Љубиша Јовановски (вокал) ќе настапат на втората блуз свирка од акустичниот серијал „Бекјард сешнс“, што го организира група музичари и фанови под името „Блуз фамилија“.

Таа ќе се одржи утре во кафулето „Амбрела“ во ГТЦ, со почеток во 18:30 часот.

„Бекјард сешнс“ е замислен како увертира во првиот „Котон блуз фестивал“, што е најавен за пролет. Првата од четирите планирани сесии се одржа пред неколку месеци во кафулето „Излет“, кога свиреше дуото „Ин д муд“.