МУСТАЌЛИИ ВО ДЕЛАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ УМЕТНИЦИ НА ИЗЛОЖБА ВО МАЛА СТАНИЦА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Изложба насловена „Мустаќлии“ ќе се отвори вечерва во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје во 20 часот, во контекст на месецот на подигнување на свеста за машкото здравје, популарниот мовембер.

Како што и кажува името на изложбата, таа се состои од (авто)портрети на личности кои носеле мустаќи, изработени во различни ликовни техники. Во изложбата се вклучени дела од богатата колекција на Националната галерија, создадени од Коста Шкодреану, Димитар Андонов Папрадишки, Василије Поповиќ-Цицо, Никола Мартиноски, Димо Тодоровски, Димитар Кочовски-Мичо…

Изложбата ќе биде отворена до 8 декември.