ГРЕТА ТУНБЕРГ ДОБИ ОГРОМЕН МУРАЛ ВО САН ФРАНЦИСКО

Сан Франциско, (АП)

Младата активистка против климатски промени Грета Тунберг доби огромен мурал на зграда во срцето на Сан Франциско, град кој се гордее со својата развиена еколошка свест.

Аргентинскиот уметник Андрес Иглесијас, познат под псевдонимот Кобре, го наслика муралот на 16-годишната Швеѓанка, која беше номинирана за Нобелова награда за мир.

Иглесијас кажа дека тој го донирал своето време за да го наслика делото и се надева дека луѓето ќе сфатат дека „мора да водиме грижа за светот“. Тој претходно има насликано мурал на Робин Вилијамс во Сан Франциско, кој беше оштетен.

„Климатските промени се реалност. Оваа девојка е неверојатна и знае што прави“, изјави Кобре.