ПРВИОТ ТЕРЕНЕЦ НА „АСТОН МАРТИН“ ТРЕБА ДА ПРИВЛЕЧЕ БОГАТИ ЖЕНИ

Лондон, (Гардијан)

„Астон Мартин“ го претстави својот прв теренец во обид да стане конкурентен во еден од најбрзо растечките автомобилски сегменти на светот.

Британската компанија досега беше најпозната по спортски автомобили кои редовно се појавуваа(т) во филмовите за Џејмс Бонд, но долгоочекуваниот модел „DBX“ има поинаква целна група. Свесна дека нејзините купувачи се главно мажи, „Астон Мартин“ се надева дека „DBX“ ќе привлече богати жени.

Цената на „DBX“ ќе биде 158.000 фунти, што е на ниво на „ламборгини урус“. 

Не можам да опишам колку сме возбудени и колку е значаен ‘DBX‘ за ‘Астон Мартин‘. Ова е историски момент за компанијата“, изјави извршниот шеф Енди Палмер.

Астон Мартин“ е компанија која седум пати банкротирала во својата 106-годишна историја и лани вредноста на нејзините акции падна за 75%.