„Небеска тема“, документарниот филм за покојниот фронтмен на „Идоли“ Влада Дивљан, три вечери по ред ќе се прикажува во кино Фросина, почнувајќи од денеска (20 часот).

Во режија и сценарио на Младен Матичевиќ, во филмот се појавуваат низа музичари и сведоци на југословенскиот нов бран од 1980-ите и на тогашната културна сцена.

Филмот имаше една проекција во рамките на фестивалот Синедејс и бидејќи беше експресно распродадена, оттаму најавија дека дополнително ќе организираат нови.

Влада Дивљан беше еден од основачите на „Идоли“, една од најважните југословенски групи од првата половина на 1980-ите, а почина во 2015 по тешко боледување.