„ЉУБОЈНА“ СО АКУСТИЧЕН КОНЦЕРТ НА 22 ДЕКЕМВРИ ВО НОБ

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Од денес се продаваат влезниците за акустичниот концерт на групата „Љубојна“, закажан на 22 декември во 19:30 часот во Националната опера и балет (НОБ). Билетите се достапни преку продажната мрежа на купикартизасе.

„Во моментите кога во медиумскиот етер е актуелен спотот за синглот ‘Севдо Ле’ кој е последното остварување на ‘Љубојна’, овој настан е уникатна можност за вистинско предновогодишно уживање. Акустичното е за душа. Акустичното е за мерак!“, најавуваат Вера Милошевска-Јосифовска и Оливер Јосифовски од „Љубојна“.

Досега имаат издадено девет албуми, а последниот „Радио Љубојна“ излезе во 2017.