Новото возило на папата Фрањо доаѓа од Романија.
Групацијата „Рено“ го обезбеди новиот папамобил откако преработи бел теренец „дачија дастер“ за да може да одговара на потребите на папата. И оваа верзија има место за пет патници како стандардниот „дастер“, но задната клупа е направена да биде „исклучително удобна“ поради долгите јавни паради.
Како што е правило од 1981 година, кога врз папата Јован Павле Втори беше извршен атентат, и овој папамобил има заштитна проѕирна купола.
Новото возило во Ватикан го доставија извршниот директор на „Рено Романија“ Кристоф Дриди и генералниот менаџер на „Рено Италија“ Савиер Мартине.
Со регуларна цена од околу 10.000 евра, „дачија дастер“ се вклопува во скромниот имиџ на папата Фрањо, кој сите скапоцени подароци ги продава на аукција.