„ЈУРИТМИКС“ ПОВТОРНО НА СЦЕНА ЗА ПРВПАТ ПО ПЕТ ГОДИНИ

Њујорк, (Дејли мејл)

Ени Ленокс и Дејв Стјуарт настапија заедно како „Јуритмикс“ за првпат по пет години. Нив успеа на сцена да ги обедини Стинг на неговиот традиционален годишен добротворен концерт, што се одржа во Њујорк.

Ленокс (64) и Стјуарт (67) изведоа три од најголемите хитови на групата, што беше нивниот прв заеднички настап од 2014 година, кога беа меѓу учесниците на концерт во Лос Анџелес посветен на „Битлс“. Тоа, пак, беше нивното прво обединување откако по вторпат ја растурија групата во 2005 година.

Тие биле во врска пет години пред да станат музички соработници, формирајќи ја „Јуритмикс“ во 1980. Во наредните десет години, „Јуритмикс“ издаде осум албуми, по што Ленокс и Стјуарт се посветија на соло кариери. Тие ја возобновија групата во 1999, но тоа резултираше само со уште еден албум.