ТАКСИРАТ НОМИНИРАН ЗА НАЈДОБАР ФЕСТИВАЛ ВО ЗАТВОРЕНО НА ЕВРОПСКИТЕ НАГРАДИ ЗА ФЕСТИВАЛИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Само што заврши неговото 21. издание, Таксират дозна дека ќе се бори за титулата најдобар фестивал во затворено на Европските награди за фестивали, што ќе бидат доделени во холандскиот град Гронинген на 15 јануари.

Таксират, што го организира „Пасворд продукција“, е номиниран со уште девет фестивали, кои се одржуваат во Норвешка, Велс, Германија (два), Чешка, Словенија, Белгија, Холандија и Италија. Ова е вторпат Таксират да е номиниран за ова престижно признание.

Во главната категорија најдобар голем фестивал се најдоа имиња како „Егзит“, „Хелфест“, „Лолапалуза Берлин“ и „Сигет“.

Оваа година Таксират траеше од 28 ноември до 8 декември, кога се одржа финалниот викенд во „А1 арена“.

„Таксират 22 ќе биде најамбициозното издание на фестивалот досега“, најавуваат организаторите.