МАЈАМИ ГИ ПРЕДВОДИ ГРАДОВИТЕ ВО КОИ ТУРИСТИТЕ СЕ ПОБРОЈНИ ОД ЖИТЕЛИТЕ

Мајами, (Гардијан)

Популарни градски дестинации низ светот последниве години се соочуваат со проблемот на преголема посета од туристи, која во некои случаи многукратно ја надминува бројката на жители.

Истражувањето што го спроведе сајтот „Official Esta“ покажа дека ситуацијата е најалармантна во Мајами, кој годишно прима 16,4 пати повеќе туристи од својата редовна популација. Овој град на Флорида има околу 470.000 жители, па на секои 100 жители доаѓаат 1.641 турист.

Ова се должи на фактот што Мајами има умерена клима и преку зима, па туристите масовно го посетуваат во текот на целата година.

На второто место се најде уште еден град во САД, коцкарскиот рај Лас Вегас, кој има 993 туристи на секои 100 жители.

Потоа следуваат Дубаи (588 туристи на 100 жители), Единбург (445), Даблин (427), Хонгконг (398), Сан Франциско (392), Виена (329), Сингапур (316) и Вашингтон (286).