АВИЈАЦИЈАТА ПРИЗНА ДЕКА ПЕНИСОТ НА НЕБОТО НАД ВАШИНГТОН Е ДЕЛО НА НИВНИ ПИЛОТ

Вашингтон, (Би-Би-Си)

Американската авијација призна дека пенисот што се појави на небото над Вашингтон е дело на еден нивни пилот.

Официјални лица го опишаа како „апсолутно неприфатливо“ однесувањето на пилотот, кој малку се заигра, па исцрта пенис на небото со трагите од авионот.

Фалусниот облик се појави над областа Оканогон во западната сојузна држава Вашингтон, блиску до границата со Канада, што им донесе многу забава на луѓето на социјалните мрежи.

Но, на командирите од воздушната база Видби не им беше до смеа, па наредија истрага за случајот.

Портпаролот на базата изјави дека бил користен авион од типот „боинг ЕА-18Г гроулерс“, што може да патува двапати побрзо од брзината на звукот.

„Ние бараме од нашите пилоти да ги почитуваат највисоките стандарди и затоа ова е апсолутно неприфатливо. Ова што го направи нема никаква вредност за тренингот и е неодговорно од страна на посадата на авионот“, изјави портпаролот Томас Милс.

Федералната администрација за авијација соопшти дека маневарот не бил закана по никого, но нема да ја преиспитува моралноста на чинот.