ЛАНА ДЕЛ РЕЈ ГО ИМА АЛБУМОТ НА ГОДИНАТА СПОРЕД МУЗИЧКИТЕ КРИТИЧАРИ

Лондон, (Би-Би-Си)

Музичките критичари го избраа „Норман Роквел“ на Лана Дел Реј за омилен албум во 2019 година.

Полн со заводливи софт рок балади, петтиот албум на американската кантавторка се најде на првото место на листата на Би-Би-Си, добиена со собирањето на завршните листи на 30-те највлијателни музички медиуми и блогери.

Со полно име „Norman Fucking Rockwell!“, албумот беше издаден на 30 август и доби извонредни критики, како и две номинации за Греми.

Музичарки доминираат на листата, заземајќи осум од првите десет позиции.

На второто место е Били Ејлиш со „Кога ќе заспиеме, каде одиме?“ (When We All Fall Asleep, Where Do We Go?), па следуваат американскиот рапер Тајлер, д Криејтор („Игор“), Ник Кејв („Ghosteen“) и англиската пејачка ФКВ Твигс („Магдалена“).

А, дека ова беше година на американската тинејџерка Били Ејлиш покажа и изборот на „Лошо момче“ (Bad Guy) за најдобра песна.

При правењето на листата биле земени предвид изборите на медиуми како АП. НМЕ, „Би-Би-Си 6 мјузик“, „Билборд“, „Гардијан“, „Пипл“, „Ролинг стоун“ и „Тајм“.