Фотографии на кучиња како уживаат во попладневна дремка се проширија на интернет благодарение на Инстаграм профилот на градинката за кученца во јужнорејскиот град Гјеонги-до.
Опишувајќи се како „градинка за домашни миленици“, овој дневен центар се грижи за животните додека нивните сопственици се на работа. Центарот го води професионален експерт за однесување на кучиња и се грижи за нивните здравје и добросостојба преку систем на документирање и анализа на секаков проблем во однесувањето.
Центарот располага со надворешно игралиште и со простории за игра и разни активности. Кучињата тука имаат можност да се социјализираат и да стекнат нови пријатели, а откако добро ќе се истрчаат, нема ништо поубаво од дремка, при што секое има своја мала перница и јорган.