Таксистите од Њујорк биле нарекувани различни работи низ годините… љубезни, невнимателни, понекогаш невоспитани. Но секси?
Тоа е целта на оригиналниот календар со дузина њујоршки таксисти во провокативни пози во и надвор од нивните возила. „Календарот на њујоршките таксисти“ е идеја на Фил и Шенон Киркмен, брачен пар, кој смета дека е крајно време таксистите да излезат од зад воланот и да уживаат малку во вниманието што го добиваат пожарникарите и ним сличните со жешките календари.
„Како прво, ретко го гледате возачот. Влегувате во таксито и тие гледаат напред и такви се искуствата со возачите. Ние видовме можност да ги прикажеме возачите во позитивно светло, исто како и индустријата во која што работат“, вели Фил.
Дел од приходите од продажбата на календарот, кој што чини 15 долари, ќе оди за „Јуниверзити сетлмент“, хуманитарна организација за помош на имигранти. Според Киркмен, тоа има логика, бидејќи најголем дел од таксистите се имигранти.