Том Холанд покажа дел од снимањето на „Спајдермен: Нов ден“. Иако дејството на филмот е тесно поврзано со Њујорк, голем дел од градот е изграден во студиото „Пајнвуд“ во Англија.
Продукцискиот дизајнер Чарлс Вуд и неговиот тим изградија голем сет кој претставувал различни делови од Њујорк. Холанд вели дека никогаш претходно не видел сет од такви размери. Режисерот Дестин Даниел Кретон вели дека му била желба што поголем дел од сцените да се снимаат во вистински, физички изградени простори, а син екран да се користи само кога е неопходно.
„Ставањето на Питер Паркер во средината на сето тоа, Спајдермен на улица, создаде еден навистина старомоден начин на снимање филмови“, вели Холанд.
За дел од сцените како замена за Њујорк бил користен и шкотскиот град Глазгов, меѓу другото и за големата сцена со потера со тенк. Авторите велат дека целта била Њујорк да изгледа автентично и во филмот да функционира речиси како посебен лик.
„Спајдермен: Нов ден“ е новото продолжение од серијалот со Холанд во улогата на Питер Паркер, а режисер е Дестин Даниел Кретон.
ДЕЛ ОД ЊУЈОРК НАПРАВЕН ВО АНГЛИЈА ЗА СНИМАЊЕТО НА НОВИОТ „СПАЈДЕРМЕН“
САД, (Варајети)