Ќерката на легендата на борењето и актер Двејн Рок Џонсон, 18-годишната Симон Џонсон, тргнала по стапките на нејзините прадедо, дедо и татко. Таа ќе биде првиот претставник на четвртата генерација борачи во историјата на американската компанија WWE.
„Ова сѐ ми значи. Знаејќи дека моето семејство има толку голема поврзаност и блискост со борењето, благодарна сум што и јас ја имам таа можност, не само да се борам, туку и да ја продолжам традицијата“, стои во нејзината изјава.
Нејзиниот татко, кој денес е еден од најплатените актери во Холивуд, на Инстаграм напиша: „Соништата не се само за сонувачи. Многу сум горд. Живеј го сонот. Ајде да се фатиме за работа“.
Дедото на Симон, Роки Џонсон, почина на почетокот на годинава на 75 години. Тој беше дел од првиот афро-американски тим кој го освоил овој шампионат.