Енрике Иглесијас и Ана Курникова го добиле третото дете и јавноста за тоа дозна од трета страна.
Бившата руска тенисерка во јануари беше снимена на брод во Мајами со труднички стомак и убавата вест сега ја потврди братот на Иглесијас.
„Неодамна повторно станав чичко. Мојот брат сега има три деца и многу е среќен“, изјави Хулио Иглесијас за чилеанската радио-станица АДН.
Тој сепак одби да го открие полот на бебето.
„Тоа нека остане тајна“.
Курникова и Иглесијас се во врска од 2001 година, но својот приватен живот го држат во крајна тајност и многу ретко објавуваат семејни фотографии на Инстаграм. Тие ги добија близнаците Николас и Луси во декември 2017 година, откако претходно воопшто не беше познато дека Курникова е трудна.