Поп ѕвездата Тејлор Свифт e музички уметник со најголема заработка во светот за 2019, благодарение на нејзиниот албум „Љубовник“, објави музичката групација ИФПИ.
Ова е втор пат за 30-годишната пејачка да се најде на првото место по заработка. Првиот пат беше во 2014 со нејзиниот деби албум „1989“.
„Љубовник“ е нејзин седми албум. Зад неа на листата се најдоа ирскиот кантаватор Ед Ширан, раперот Пост Малоун и тинејџерската ѕевзда Били Ајлиш, која неодамна триумфираше на Греми наградите.