КИНОСАЛИТЕ НИЗ СВЕТОТ ИЗГУБИЈА 5 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

Лос Анџелес, (Холивуд рипортер)

Во 2019, светските киносали заработија рекордни 31.1 милијарда долари, но само измантиве месеци загубија околу 5 милијарда долари, поради ситуацијата со коронавирсуот.

Според последните податоци, на светско ниво се заразени околи 90 илјади лица, а починаа над 3.000, најголем број од Кина, каде почне да се шири вирусот КОВИД-19.

Киносалите во Кина се затворени со недели, но вирусот забрзано се шири и во Јужна Кореја, Италија и во Јапонија, третиот најголем филмски пазар во светот. Аналтичарите сметаат дека киносалите досега загубија најмалку 5 милијарди долари, а бројката може да расте ако мерките за карантин се прошират во други земјки, како на пример САД, каде досега се потврдени 100 заразени и шест смртни случаи.

Кина е втор најголем филмски маркет во светот, и досега се затворени околи 70 илјади киносали, а со тоа загубиле околу 2 милијарда долари.

Што се однесува до премиерите, филмските студија ги откажуваат или презакажуваат. Во кината низ Јужна Кореја од денес требаше да се прикажува црно-белата верзија на оскаровецот „Паразит“ на Бонг Јон-хо, но дистрибуцијата е одложена.

„Дизни“ ја одложи кинеската премиера на „Мулан“ кој има целосно азиски кастинг, а одложена е премиерата во Кина и на новиот филм за Џејмс Бонд, „Не е време за умирање“.