ВО РЕД Е ДА СЕ БИДЕ УПЛАШЕН ОВИЕ ДЕНОВИ – НОРВЕШКАТА ПРЕМИЕРКА ОДРЖА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ДЕЦА

Осло, (Ројтерс)

Норвешката премиерка Ерна Солберг им кажа на децата во својата земја дека „е во ред да се биде уплашен во овие посебни денови“. Таа одржа посебна прес-конференција во својот кабинет на која што одговараше на прашања од деца, поврзани со пандемијата на коронавирусот.

Како и многу други држави, и Норвешка ги затвори градинките и училиштата поради коронавирусот.

Ова се посебни денови. Многу деца мислат дека ова е страшно. Во ред е да се биде уплашен кога толку многу работи се случуваат во исто време. Дури и ако вашето училиште е контаминирано, речиси сите ќе бидат добро. Исто е и со вашите мајки и татковци ако бидат заразени“, кажа Солберг.

Таа беше придружувана од министрите за образование и за семејство. „Дали можам да имам роденденска забава?“, „Дали смеам да ги посетам баба и дедо откако сум бил во трговски центар?, „Како јас можам да помогнам?, се некои од прашањата што им беа поставени.

Со тоа што останувате дома вие помагате други да не бидат заразени. Тоа е многу важно за оние кои се многу стари или веќе болни“, рече Солберг.