По Том Хенкс, Олга Куриленко е втората холивудска ѕвезда која објави дека е заразена со КОВИД-19.
Четириесетгодишната актерка со украинско потекло, која прво се прослави како Бонд девојка во „Трошка надеж“, вели дека се наоѓа во домашна изолација.
„Затворена сум дома откако беше утврдено дека имам коронавирус. Болна сум веќе една недела. Моите главни симптоми се треска и замор. Водете грижа за себеси и сфатете го ова сериозно“, напиша Куриленко на Инстаграм.
Минатата недела, Том Хенкс и сопругата Рита Вилсон објавија дека имале позитивен тест во Австралија.