ЕД ШИРАН ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19, ЌЕ НАСТАПУВА ОД ДОМА

Лондон, (Би-Би-Си)

Ед Ширан објави дека е во изолација откако имал позитивен тест за коронавирус. Тој додаде дека ќе продолжи да дава интервјуа и да настапува од дома.

„Им се извинувам на сите кои ги изневерив. Чувајте се“, напиша Ширан на Инстаграм.

Минатиот викенд тој настапи на првото доделување на еколошките награди Earthshots, во организација на принцот Вилијам.

„Сакам да ги известам сите мои фанови дека имав позитивен тест за ковид-19. Во самоизолација сум и ги следам владините препораки. Тоа значи дека нема да можам да продолжам со обврските во живо, па многу од планираните интервјуа и настапи ќе ги направам од дома“, кажа Ширан.

Неговиот нов албум насловен „=“ ќе излезе в петок.