АРХЕОЛОШКИОТ МУЗЕЈ ОБЈАВИ ВИРТУЕЛНА ТУРА НИЗ ИЗЛОЖБАТА ЗА ТРЕБЕНИШТЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Археолошкиот музеј на Северна Македонија лансираше виртуелна тура низ изложбата „100 години Требениште“, во период кога се затворени сите културни и воспитно-образовни институции во земјата поради ширењето на коронавирусот.

Изложбата „100 години Требениште“, која лани беше отворена од март до август, беше најавена како една од најексклузивните на балканските простори. Изложени беа над 400 артефакти од некрополата во Требениште, Охрид, меѓу кои и прочуените златни маски кои се наоѓаат во музеи во Бугарија, Србија и Македонија.

„Виртуелната посета на најексклузивната интернационална изложба на овие простори ‘100 години Требениште‘ е совршена идеја во овие денови кога сите сме во домашна изолација. Уживајте во мистиката и убавината на наодите од оваа позната некропола“, велат од Музејот.

Виртуелната тура од е достапна на следниов линк.