МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ КРЕНАТО ПРЕД СЕДИШТЕТО НА НАТО ВО БРИСЕЛ

Брисел, (СМАРТ СДК.МК)
Flag raising ceremony to mark the accession of North Macedonia to NATO with remarks by NATO Secretary General Jens Stoltenberg and the Chargé d’Affaires of the Delegation of North Macedonia to NATO, Zoran Todorov

Без големи прослави и церемонии поради пандемијата на коронавирусот, македонското знаме денеска во 15 часот беше кренато пред седиштето на НАТО во Брисел, каде што отсега ќе се виори покрај 29-те на останатите земји членки.

На скромниот свечен чин, на кој беа интонирани химните на Македонија и на Алијансата, присуствуваа единствено генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и шефот на македонската мисија во НАТО, Зоран Тодоров.

„Денеска го прославуваме најголемиот успех на Македонија од нејзиното осамостојување“, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски.

По речиси три децении стремежи и повеќе од една година откако амбасадорите на земјите членки го потпишаа Пристапниот протокол, тој пред две недели беше ратификуван и од шпанскиот парламент, со што Македонија и официјално стана 30. членка на НАТО.