Среде пандемијата на коронавирусот, светот ноќеска можеше да ужива во полна супермесечина, која се случува кога Месечината ќе дојде во својата најблиска позиција до Земјата, па затоа изгледа поголема и посветла.
Според НАСА, оваа супермесечина ќе биде најголема и најсветла од сите вакви феномени оваа година.
Априлската супермесечина во исто време е розова месечина, иако нејзината боја повеќе е бледо портокалова.
„Името се поврзува со пролетното цутење на цвет карактеристичен за Северна Америка, кој има прекрасни розови цветови. Мос флокс е едно од најраните широко распространети пролетни цвеќиња, па така полната месечина во април го добила своето име“, појасни Џеклин Фаерти, астрофизичарка од Природонаучниот музеј на САД.