„Киа телурајд“, најголемиот модел на оваа компанија досега, се закити со титулата Светски автомобил на годината.
Теренецот со седум седишта во финалното гласање победи два модела на „Мазда“: „мазда3“ и теренецот „CX-30“. За наградата гласаше жири составено од 86 членови од 24 земји од цел свет.
Ова е првпат „Киа“ или која било јужнокорејска компанија да ја освои оваа награда во 16-годишната историја.
Електричниот „порше тајкан“ е прогласен за најдобар луксузен автомобил и за возило со најдобри перформанси, додека „мазда3“ ја доби утешната награда за најдобар дизајн.