Пијанистката Даница Стојанова ја доби наградата „Златна лира“ за врвни уметнички достигнувања, која Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ) ја додели на свеченото затворање на 21. издание на фестивалот „Златна лира“. Стојанова е наградена за исклучителните уметнички остварувања, богатата меѓународна концертна дејност и посветеноста во промоцијата на македонското музичко творештво во светот.
„За мене, музиката отсекогаш била многу повеќе од професија. Tаа е љубов, посветеност и начин на кој го споделуваме најдлабокото во себе. Особено ми е драго што оваа награда е поврзана и со презентацијата на македонското творештво, бидејќи верувам дека наша должност и привилегија е да го негуваме, да го изведуваме и да го пренесуваме нашето музичко богатство и надвор од границите на нашата земја“, рече Стојанова.
Наградата „Златна лира“ за животно дело постхумно ѝ беше доделена на пијанистката и музички педагог Рита Трпчева-Поповиќ
Фото: Даница Стојанова со претседателот на СМУМ, Љубиша Кировски, на доделувањето на наградата