Новата детска ТВ-серија „Зоки Поки“ ќе почне да се емитува на 4 мај на првата програма на Македонската радио-телевизија.
Снимена според истоимената книга на Оливера Николова од 1963 година, таа ќе има десет епизоди, режирани од Александар Поповски, Марија Апчевска, Даријан Пејовски и Радован Петровиќ. Сценариото го напишаа Сашо Кокаланов и Билјана Црвенковска, а продуцент е Роберт Насков. За музиката беа задолжени Александар Пејовски, Александар Митевски и Игор Василев-Новоградска.
Во насловната улога е 11-годишниот Матеј Настевски, а во актерската екипа се и Сашко Коцев, Даниела Иваноска и Сабина Ајрула-Тозија.
Епизодите ќе се емитуваат секој понеделник и четврток од 20:15 часот, а потоа ќе бидат достапни и на интернет-страницата и на Јутјуб каналот на серијата.