Маунт Агунг на индонезискиот остров Бали по вторпат еруптираше за една недела, предизвикувајќи откажување на стотици летови, како што исфрлува чад и до три километри во височина.
Агунг, што се наоѓа на источниот крај на една од најпопуларните светски туристички дестинации, веќе со месеци се тресе, но последниве денови се стравува дека голема ерупција е неизбежна.
Според Глобалната програма на вулкани на Националниот музеј за природна историја во Вашингтон, на планетата има повеќе од 1.500 вулкани, кои имаат еруптирано во одреден момент во последните 11.500 години, што е географски период познат под името холоцен.
Поголемиот дел од нив се среќаваат во групи и често ги следат линиите на тектонските плочи, па можат да бидат придружувани и од други природни катастрофи.
Таканаречениот Огнен прстен, што го опкружува Тихиот Океан и се протега од западниот брег на американските континенти, преку Азија (Јапонија, Индонезија, Филипини), па сѐ до Австралоазија, е најбогат со вулкани – 452.
Земји со најмногу вулкани:
- САД: 173
- Русија: 166
- Индонезија: 139
- Јапонија: 112
- Чиле: 104
- Етиопија: 57
- Пaпуа Нова Гвинеја: 53
- Филипини: 50
- Мексико 43