Коронавирусот однесе уште три животи во Македонија, додека за првпат во еден ден има повеќе излекувани отколку новозаразени.
- Од Министерството за здравство информираа дека од КОВИД-19 починале 46-годишна пациентка од Лабуништа, 63-годишна жена од Куманово и 71-годишен прилепчанец.
- Со тоа, бројката починати во Македонија порасна на 54.
- Потврдени се и 18 нови случаи на зараза, што е најмала дневна бројка од 8 април.
- Половина од нив се во Куманово, а коронавирусот првпат е регистриран во Пехчево.
- Во Македонија досега има 1.225 позитивни теста.
- Потврдено е дека се излекувани уште 21 пациент, а вкупно 200 досега.
- На светско ниво досега има речиси 2,5 милиони заразени и над 167.000 починати од КОВИД-19.