НАЈМАЛКУ НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ВО ЕДЕН ДЕН ОД 19 МАРТ, ЌЕ СЕ ОЛЕСНУВА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Министерството за здравство пријави најмала бројка нови случаи на коронавирус во последните 30 дена, додека се очекува Владата да донесе одлука за олеснување на полицискиот час.

  • Во последните 24 часа се регистрирани само седум позитивни теста, најмалку во еден ден од 19 март, додека пред само пет дена ги имаше 107.
  • Меѓу нив ниеден не е во Скопје, туку три во Тетово и по два во Куманово и Кочани.
  • Вкупната бројка заразени досега изнесува 1.231.
  • Седумдесетгодишен жител на Лабуништа е најновата жртва на коронавирусот во Македонија, со што досега починаа 55 лица.
  • Излекувани се уште 24 пациенти, вкупно 224.
  • Согласно новата одлука на Владата, општата забрана за движење отсега ќе биде на сила од 19 до пет часот во работните денови, а за викенди ќе почнува во сабота во 13 часот и ќе трае до пет часот наутро во понеделник.
  • Лицата над 67 години ќе можат да излегуваат од осум до 12 часот, а малолетниците од 13 до 16 часот.
  • Владата предложи задолжително носење заштитна маска во сите затворени простори, како и на отворен простор каде што не може да се држи растојание од два метра, како на пазари.
  • На светско ниво надмината е границата од 2,5 милиони заразени, а починале речиси 175.000 луѓе.