ВО МАКЕДОНИЈА 1.300 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ ДОСЕГА, ОД КОИ 301 ЗАЗДРАВИЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонија стигна до бројката од 1.300 заразени со коронавирусот од почетокот на кризата, од кои над 300 заздравиле.

  • Македонија повторно е во фаза на благ пораст на бројот на новозаразени, откако во последните 24 часа се потврдени 41 позитивен тест (од направени 649).
  • Најмногу се во Скопје – 17, па следуваат Куманово со 11, Прилеп со пет, Тетово со три, како и по еден во Кавадарци, Гостивар, Крива Паланка, Кичево и Неготино.
  • Процентот на позитивни тестови во земјава падна под 10 отсто во изминатите три дена, според официјалните бројки објавени од Институтот за јавно здравје.
  • Во Македонија досега има 1.300 случаи на коронавирус, при што починаа 56 лица.
  • Министерството за здравство објави дека заздравиле уште 29 лица, со што вкупната бројка порасна на 301.
  • По олеснувањето на полицискиот час, Владата денеска укина една од рестриктивните мерки и повторно дозволи движење низ шума.
  • На светско ниво досега има над 2,6 милиони заразени и над 186.000 починати, додека заздравиле 731.000 лица.