„РОЛИНГ СТОУНС“ ОБЈАВИ НОВА ПЕСНА ПО ОСУМ ГОДИНИ ПАУЗА

Лондон, (Би-Би-Си)

„Ролинг стоунс“ го објави првиот сингл по осум години пауза, насловен „Living In A Ghost Town“.

Групата соопшти дека песната првично била снимена пред една година во Лос Анџелес, но била довршена додека се во карантин.

Песната беше направена за десет минути за време на проба минатиот февруари. Таа не беше напишана за сегашноста, но сосема одговара на времето во кое што живееме. Така Кит Ричардс и јас дојдовме на идеја да ја објавиме. Малку ја преработивме и довршиме преку сателитска врска. Ни се допаѓа како излезе“, изјави Џегер.

Living In A Ghost Town“ е прва нова песна на „Ролинг стоунс“ од 2012 година, додека албум со оригинален материјал нема издадено од 2005.