НОВИ ЧЕТИРИ ЖРТВИ НА КОВИД-19 ВО ЗЕМЈАТА, ПРЕДЛОЖЕН ТРИДНЕВЕН ПОЛИЦИСКИ ЧАС ЗА 1 MAJ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Уште четири лица починаа во Македонија од последиците на коронавирусот, додека Владата размислува да воведе тридневна забрана за движење и за претстојниот првомајски викенд.

  • Две лица од Куманово на возраст од 47 и 81 година, 58-годишна жителка на тетовското село Желино и 66-годишник од Битола се последните жртви на КОВИД-19 во земјава.
  • Со тоа, вкупната бројка починати порасна на 65.
  • Во последните 24 часа се направени 289 тестирања и 13 од нив дале позитивен резултат (пет во Куманово, четири во Скопје и по два во Тетово и Прилеп).
  • Македонија е на прагот на 1.400 потврдени случаи на коронавирус (досега 1.399).
  • Бројката оздравени изнесува 553, 53 повеќе во однос на вчера.
  • Комисијата за заразни болести предложи нов маратонски полициски час во земјата, кој би траел од 19 часот в четврток до пет часот в понеделник.
  • На светско ниво надмината е границата од три милиони заразени, од кои починале речиси 210.000.